10 највлијателни модни блогерки
Модните блогерки во последниве години добиваат се поголем публицитет и станаа прилично влијателни затоа што голем број на луѓе ги следат на социјалните мрежи.
Ова се 10 од највлијателните модни блогерки во светот:
1. Chiara Ferragni, The Blonde Salad
27-годишната Италијанка живее во Лос Анцелес и има дури 3 милиони следбеници на Инстаграм. Таа е позната и во Америка и во Европа, а од неодамна учествувала и на изборот на кандидати за престижната награда LVMH за најдобри дизајнери.
2. Aimee Song, Song of Style
Оваа модна блогерка која има 28 години, исто така живее во Лос Анџелес и се занимава со дизајн на ентериери. Нејзе ја прослави урбаниот стил поради кој на Инстаграм ја следат 1.9 милиони луѓе.
3. Wendy Nguyen, Wendy’s Lookbook
Оваа девојка исто така е од Лос Анџелес и има 31 година. Она што ја прослави е нејзиниот Youtube канал каде ја следат повеќе од 600.000 луѓе, а нејзиното најпознато видео „25 начини како да заврзете шал“ има повеќе од 29 милиони прегледи.
4. Kristina Bazan, Kayture
Кристина живее во Швајцарија и има 21 година. Нејзината база на Фејсбук има повеќе од милион лајкови, а активна е и на Инстаграм и на Твитер. Таа досега работела за Hugo Boss и Louis Vuitton.
5. Julie Sariñana, Sincerely Jules
20-годишната Џули од Лос Анџелес својот блог го направила уште во 2009 година. Нејзиниот едноставен стил се забележува во маиците кои ги прави со инспиративни цитати.
Уште 5 на следната страна...