Летен тренд: Женствени и практични „харем“ пантолони
Овие панталони уште попознати како „харем“ панталони или шалвари имаат потекло од Персија од каде трендот пристигнал преку Индија и во целиот свет.
Денес овие панталони кои висат под препоните сè уште се носат како летен моден тренд и речиси секоја сезона може да се забележат на модните писти.
Обично се направени од лесни материјали кои паѓаат надоле и се прилично пријатни за носење посебно на високите температури.
Не постои дизајнер кој не си поиграл со овој летен моден тренд од Cavalli, Chloe, Emporiо Armani до Ralph Lauren и уште многу други дизајнери.
Овој тип на панталони можете да го комбинирате со маици, кроп топови и блејзери. Балетанките и високите потпетици одлично се согласуваат со овој тип на панталони. Се зависи од вашето расположение и дали преферирате комфор или високи нозе.
Еве неколку одлични идеи за шалвари: