Совети за тип-топ изглед: Како секогаш да делувате скапо облечени?
Денес ретко кој може да си дозволи да си ја потроши цела плата само за да си го освежи гардероберот со неколку тренди парчиња облека. Тоа е реалноста.
Но, она што со сигурност можете да го направите е да се потрудите максимално да го искористите она што го имате во гардероберот.
1. Пронајдете добар шнајдер
Шијте ги фустаните сами, ако веќе немате доволно пари за некој брендиран модел кој го обожавате. Исто така, секое парче купено по пониска цена, секогаш можете да го коригирате или да му додадете некој детаљ по ваш вкус.
2. Тексас како база
Затоа што веројатно и вие сте жена која обожава фармерки, купувајте исклучиво класични кроеви кои никогаш нема да излезат од мода. Избегнувајте да купувате евтин тексас, неговата цена е лесно видлива, посебно ако е „намерно избледен.“
3. Хемиско чистење
Никогаш не се сомневајте дека и старото палто може да изгледа како ново ако го светнете на хемиско.
4. Ремен
Класичната силуета на сирена е резервирана само за елегантни дами. А неа најлесно ќе ја постигнете носејќи фустан или здолните преку кое ќе ставите модерен ремен кој ќе го истакне струкот.
5. Носете златен накит
Кога ќе се накитите со златна огрлица или синџирче нараквица (никако двете одеднаш), плус ако додадете чанта и чевли во месо боја, ќе изгледате како штотуку да сте се симнале од модна писта.
6. Една боја од глава до пети
Целосно белата, црна или сива комбинација лесно и брзо ќе ви ја издолжи фигурата.
7. Добро сако
Одлично скроеното сако е тајно модно оружје на секоја дама. Совршено изгледа со омилените фармерки, палацо панталони, тесни здолништа и летни фустанчиња.
8. Комбинирајте контрастни бои
Не запаѓајте во монотонијата на сивата и црната. Создадете контраст кој ќе го привлече окото на минувачите.
9. Избегнувајте принтови
Принтот е тренд, а трендовите брзо минуваат. Ако баш не сакате да се откажете од шаренилото – одберете леопард шара.