Модна еволуција: Ќерките на Обама станаа стилски кралици
Движејќи се една по друга, младите Малиа и Наташа Обама покажаа колку се изменети за само две години.
На Downing улицата во Ирска покажаа дека се исполнети со самодоверба и убавина и истовремено дека несомнено израснале и се промениле.
Првите ќерки на Америка полека но, сигурно ја наследуваат ставата на мајка им, особено кога станува збор за нејзината висина од цели 180cm.
Во 2013 година на нивната претпоследна посета на Ирска, младите девојки носеле спортски фармерки, обични маички и џемпери, но повеќе не е така.
Во присуство на Мишел Обама и баба им Маријан Робинсон пристигнаа во Британија и тука се забележува нивниот нов, софистициран и зрел изглед.
Постарата сестра Малиа носи црвеникав чипкан фустан без ракави и едноставни црни балетанки, а помалата сестра Наташа носи тиркизен фустан и џемпер со соодветната боја.
Промените во изгледот се забележуваат веднаш по нивното пристугнување со оглед на тоа што едната носи едноставен син фустан со цветен принт, а другата точкест црно-бел фустан.
Од невиното детско и бунтовничко облекување, денес се забележува нешто сосема поинакво.
Погледнете ја транзицијата на младите девојки низ годините: