Springfield летна женска и машка колекција 2015
Женската колекција на Springfield вклучува:
Етно изглед
Новиот етно-фолк изглед со детали на реси и фолклорни графики, ќе бидат ваши сојузници за почеток на летото. Фустани, сукњи, топ во нијанси на портокалова и крем боја, земјено црвени тонови, комбинирани со шорцеви или скини џинс. За комплетен изглед, предлагаме кожни аксесоари со реси и чизми до глужд.
Фолклор
Колекцијата директно ќе ве однесе во Мексико, каде женственоста и експлозијата од бои се комбинираат до совршенство. Везовите и цвеќињата се основни елементи за да го добиете тој фолклорно-разигран изглед. Фустани со мексикански принтови и цветови, топ и чанти украсени во спектар на интензивни бои како сина, зелена, розева или црвена, се комбинираат одлично со модни додатоци во жолто-кафени тонови.
Тропико
Најкул модни парчиња облека ќе најдете во колекцијата „Springfield тропската девојка“. Принтови со тропски листови во различни зелени тонови и сламени модни додатоци веднаш ќе ве пренесат на брегот, нудејќи целосен изглед за и надвор од вода. Тропски дизајни на комбинизони и маички, шорцеви во боја, сандали од природен материјал, сламени аксесоари и костими за капење ќе го комплетираат вашиот тропски изглед.
Мандала дезен
За девојките кои претпочитаат бохо-шик стил, вистински избор е облеката со орнаментни шари во зелени и розови тонови. Селектирани парчиња облека во сини нијанси како што се палацо панталоните, се идеални за оние топли денови или одберете широки фустани кои даваат слобода во движењето. Сандалите на врзување, како и торбите со реси се полн погодок за овој стил.
Боемска белина
Белата боја придонесува за најженствен боемски изглед. Белата е задолжителни за долгите фустани и блузи, и истата одлично се комбинира со летни цветни дезени на разновидни модни парчиња. Деталите од тантела во нијанси на бела боја, како и други нежни принтови, ќе ги пронајдете на фустаните, здолништата, туниките и пончото со реси.
Машката колекција на Springfield вклучува:
Игра
Овој дел од колекцијата се одликува со спортски елементи со бои и детали од 60-тите години, од полутонови и пастелни бои, ретро-спортски стил со современ и чист изглед.
Целосни принтови и природни мотиви, геометриски форми и маички со написи. Инсипрација од тениските терени за забавен и урбан изглед. Лесни материјали, шорцеви и бермуди, поло маички, кошули со различни бои на бела основа, чорапи до глужд и капчињата се задолжително парче за оваа сезона. Ветровки во светли, неонски нијанси во комбинација со спортски патики.
Живописност
Микс на боемски и авантуристички стил, каде доминираат етно шарите. Топли и веге-бои со контрасти кои придонесуваат за изразено декоративна облека. Присутни се и принтовите со хипстерски-етно стил. Веге боите се комбинирани со темни и црни основи со различни текстури. Црн тексас, шарени патики спремни за патување, панталони од кафеаво-жолтеникава ткаенина, сафари зелена боја, совршени за нови истражувања, но со урбан шмек. Кошули изработени од грубо платно. Пет-џебни избледени бермуди во комбинација со тропски дезени во темни бои.
Потрага по дивината
Лежерено забавно лето, исполнето со многу бои и твист од 70-тите, надополнето со поп-сурферски дух. Индиго и орнаментните шари, како и зелени нијанси и топли бои претставени на светла или бела основа. Избледените парчиња облека придонесуваат за добивање на различен изглед со мермерен ефект и истите се есенцијални за оваа колекција. Избелен тексас и различни парчиња ткаенина даваат контраст на еднобојните кошули кога заедно се комбинираат. Етно-сурферските мотиви, разновидните принтови и маичките со интересни слогани ќе направат да се издвоите од останатите. Доколку сакате лежерност во облекувањето, популарни се XL широките и долги маици.
Црно + Бело
Нов, современ, урбан, модерен, секојдневен летен стил. Едноставен и чист изглед со нови форми и размери. Маички и долги кошули за секојдневен изглед. Облекувањето во слоеви е суштинско, со што ќе ги истакнете новите пропорции на шорцевите и панталоните со спортски детали. Геометриски и оптички принтови, маички со поголема должина и слим-фит бермуди.