Кому му стои подобро? (158)
Амал, сопругата на Џорџ Клуни и кантри поп пејачката Тејлор Свифт имаат слична конструкција на телото, па понекогаш и исто се облекуваат.
Белото фустанче со цветен дезен во црвена, жолта и сина боја на светски познатиот дизајнер Оскар де ла Рената прва го облече Тејлор Свифт.
Во нејзиниот младешки стил и изглед храбро се комбинирани зелената чанта со зелените чевли. Така зачекори по улиците на Њујорк во една од модните недели.
Амал Клуни, пак, како позната и докажана адвокатка која држи до својот стил, нема толку храбри комбинации, па истото фустанче го комбинираше со жолти чевли кои имаат иста боја како дел од цветовите и беж чанта со реси. Вака облечена се прошета низ Италија.
Чија комбинација ви се допаѓа повеќе? Кому му стои подобро?