6 модели на чевли кои секоја жена треба да ги има ова лето

Летото ни се наближува, високите температури се тука, баш како и лелеавите фустанчиња и здолништа, кратки шорцеви, тенки кошули и лесни чевли. Трендовите се менуваат секоја година, но оваа сезона се враќаат неколку од минатото лето.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-01.jpg

Погледнете го списокот на 6 модели кои секоја жена би требало да ги има ова лето и проверете што ви недостасува:

1. Плетен дизајн

Плетенки во коса, но и плетенки на стапалата се апсолутен хит за оваа сезона. Без оглед дали се работи за рамни римјанки или високи потпетици, овој детаљ мора да го износите во топлите денови.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-02.jpg


2. Стилето салонки

Шпиц салонките остануваат во мода, потребно е само да бидат во боја наместо црни. Совршено ја издолжуваат ногата, а одлично се согласуваат со омилениот џинс.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-03.jpg


3. Ремчиња

Ремчињата се можеби најбараниот тренд за ова лето. Супер работа е што сандалите со многу ремчиња се далеку поудобни и постабилни од оние со само две ленти - кај прстите и глуждот.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-04.jpg


4. Спортски балетанки

Удобноста има нов изглед! Сигурни сме дека до сега не ви паднало на памет да купите вакви платнени, спортски балетанки, но нивната предност е што можат да се носат во различни варијанти. Ги има во многу бои и дезени, ваше е само да го одберете омилениот.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-05.jpg


5. Колор блок

Иако колор блокингот беше главен тренд пред неколку секунди, сега се враќа исклучиво на обувките. Можете да се одлучите за неонски или пастелни измешани нијанси, а најдобро е што чевлите никако не мора да ви се вклопуваат со остатокот од облеката.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-06.jpg


6. Коцкеста штикла

Сандали, балетанки, салонки... Сите чевли ова лето ќе имаат коцкеста потпетица.

6-modeli-na-cevli-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-ova-leto-07.jpg

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg