Се повикуваат сите патници да се качат на бродот Timberland за да го „фатат“ летниот бран на бродските чевли

Затворете ги очите и почувствувајте го мирисот на летото и морето, исклучете се и отстапете од урбанта џунгла, свртете се кон сонцето и искористете го моментот. Летната колекција на бродски чевли од Timberland ви нуди можност да „избегате“ од градот и подготвени да се впуштите во незаборавни летни авантури.

se-povikuvaat-site-patnici-da-se-kacat-na-brodot-timberland-za-da-go-fatat-letniot-bran-na-brodskite-cevli-01.jpg

Бродските чевли се идеални за летниот период ,бидејќи се удобни и лесни за носење, а воедно даваат кул и шик изглед со дезени во риги, морнарски стил, како и нијанси на песочни бои, со кои сигурно ќе оставите впечаток. Совршени за прошетки по кејот, ноќни забави на плажа или чекајќи на палубата спремни за новото отпловување.

Крајбрежјето е секогаш изборот кој го правиме во жешките денови, а бродските обувки се неизбежен дел од летната гардероба. Timberland бродариците освен во разновидни бои и мотиви, достапни се во тексас, кожа и платно, додека пак ѓонот на чевлите е изработен така што не пропушта вода и при контакт со неа, не доаѓа до лизгање.

Овие наутички убавини се изработуваат со години наназад во разновидни нијанси и материјали кои ќе направат да изгледате одлично, без разлика дали сте на палуба или на брегот.

Бродските чевли не се тренд, туку начин на живот. Пронајдете го вашиот стил во некој од новите типови на бродарици. Неделната акција во Timberland -20% попуст на сите видови бродарици која ќе трае од 16-ти до 24-ти мај, совршено се совпаѓа доколу се решите да се подновите со овие чевли.

Па што чекате? Искористете ја плимата и забранувајте го летото со бродските чевли на Timberland, достапни во продавниците во Рамстор и Скопје Сити Мол.

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Чевли кои е подобро да ги заобиколите, дури и ако се на попуст Безличните балетанки веќе се демоде, а сандалите со врвци до колената или со про...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg