Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 заблуди за убава кожа

5-zabludi-za-ubava-koza-povekjeМногу често разни производители на козметика ни сервираат застрашувачки податоци во своите рекламни кампањи. Се разбира сето тоа не е вистина...

 

...и за секоја информација треба два пати да се размисли пред да се прифати непобитен факт. Токму затоа ви донесуваме пет најчести заблуди во врска со убавината и здравјето на кожата.

1. Солариумот не е штетен во умерени количини5-zabludi-za-ubava-koza

Било какво изложување на UV зрачење е штетно и предизвикува 90% од симптомите на предвремно стареење на кожата.

Ова зрачење може да предизвика оштетување на кожата, појава на брчки, намалување на имунитетот, стреење и рак на кожата.

Па колку и да е умерно, тоа сепак и штети на вашата кожа, па затоа внимателно со солариумот!

2. Акните се последица на лошата исхрана

Акните се предизвикани од прекумерното лачење на масло кое ги запушува порите. Лачењето на ова масло го регулираат исклучиво хормоните, а не храната која ја јадеме.

Па така паѓа во вода митот дека акните се последица на јадењето чоколадо, чипс и брза храна, што пак секако не значи дека не треба здраво да се храните.

3. Најдобри се „природните“ производи за нега

Најважното прашање овде е што всушност значи природно? За жал овој поим козметичките куќи премногу често го користат, но тој обично и гарантира добра продажба. Всушност не постои 100% природен производ.

Ако некоја крема има билно потекло, тоа не значи дека истата е природна. Сите козметички производи се добиваат со преработка во лабораторија и секако во секој од нив се наоѓаат и синтетички состојки.

4. Хидратацијата ги успорува брчките

Брчките се предизвикани од многу фактори, кои се зголемуваат со текот на годините. Иако набрчканата кожа изгледа подобро кога е намачкана со крема и при тоа добива извесна количина на влага, всушност не постои доказ дека хидратацијата ги успорува брчките. Ефектот кој се постигнува е всушност површински и нема долготрајно влијание на појавата на брчките.

5. Скапите производи се подобри од ефтините

Цената на одреден производ не е мерило за квалитет. Ова и не е некое големо откритие, но има луѓе кои навистина веруваат во тоа.

Многу козметички куќи во своите производи ставаат скапи состојки со цел да добијат на ексклузивност и да привлечат купувачи, но тоа не гарантира подобра ефикасност на производот. Затоа запомнете дека за квалитетот не е пресудна цената, туку составот!

Би можело да ве интересира:

Гумените (и неудобни) сандали од детството повторно се хит – како ги носат инфлуенсерките? (фото) Гумените сандали што ни беа омилени во детството, без разлика што не беа удобни,...
Бели хулахопки како тантела – совршени за елегантните зимски комбинации (фото) Можеби белите хулахопки не се првиот избор за повеќето дами, но со дезен како та...
Модни предлози за хит комбинацијата за оваа зима – високи чизми и миди здолниште (фото) Комбинацијата од високи чизми и миди здолниште е одличен спој на елеганција и уд...
16 ѕвезди на кои дизајнерските фустани им стојат подобро отколку на манекенките Кога Шерон Стоун ќе облече дизајнерски фустан, тој на неа (најчесто) изгледа мно...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg