Изберет капут за оваа зима
Ако се земат во предвид насоките на светските модни креатори оваа есен и зима, капутите ќе бидат многу модерни. Единствено е важна должината...
...до колена, додека кројот, бојата и материјалите се разновидни.
Значи, без разлика на тоа дали е класичен или бунтовнички, важно е во капутот да се чувствувате пријатно и топло.
Вљубениците во класиката слободно можат да го извадат својот омилен капут во рамен крој, со помали или поголеми ревери или пак јака во вид на шал. Уште е во бојата на костен или пак изработен од сив твид, вие сте навистина подготвени за оваа зима.
За малку посмелите - тука се капутите во вид на џемпери. Разновидна игра на материјали, многу набори, крагња која се продолжува во шал, лев дел подолг од десниот и слично. Се е дозволено се додека во него е топло.
Капутите во силни бои ќе го разиграат тмурниот зимски пејсаж, но внимавајте да не претерате. Можеби сепак е подобро да се држите до карираните дезени, со нив не можете да погрешите.
Жолтите, сините, розевите и виолетовите капути се комбинираат со еднобојна гардароба и тоа најчесто црна, а облеката и чантата мораат совршено да се вклопат.
Во комбинација со црвен капут никако не носете и црвена капа, тоа е комбинација која уште одамна е прогласена за невкусна.
Би можело да ве интересира:





