- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
7 Обични парчиња на женска облека која ги возбудува мажите
Девојките иако се средуваат беспрекорно за нивните момци, не знаат дека понекогаш и недоволно средени или обични тие им делуваат секси.
Ова се тие 7 обични парчиња од вашата облека која го возбудува вашето момче иако не се работи за мини здолниште, маица со деколте, чипка...
1. Обична бела маица
Обичната бела маица ви дава невин изглед, а воедно и го надзира вашиот градник што е доволно за да го возбуди вашиот маж.
2. Класични фармерки
Обичните фармерки припиени за вашиот задник и нозе, комбинирани со високи потпетици делуват неверојатно секси во машките очи бидејќи мажите се љубители на долги нозе и подигнат задник.
Класичните фармерки и високите потпетици го даваат баш тој впечаток на долги нозе и подигнат задник па дури и ако тие атрибути да не се вашите највпечатливи.
3. Широка кошула
Посебно доколку се работи за негова машка кошула која ви го покрива задникот, доволно долга за да не истакнувате премногу, но доволно кратка за да го полуди.
4. Маичка за вежбање
Него му сте секси во обичните тренерки или маички/шорцеви за вежбање бидејќи делувате природно и секси.
5. Џемпер
Џемперот делува возбудувачки врз мажите бидејќи ја задржува вашата мистериозност и не покажува ништо од тоа што го имате под него.
6. Пижами
Според мажите нема ништо посекси од убава жена во пижами со разбушавена коса наутро.
7. Кожно или фармерско палто
Девојките кои носат често кожно или фармерско палто делуваат за слободни и диви девојки, а на момците тоа им е секси.
Момци, би додале нешто на листата?