Моден камелеон: Блејк Лајви промени 10 комбинации во 1 ден (фото)
Покрај промотивните гостувања и црвени теписи заради филмот „Age of Adaline“, Блејк Лајви во само еден ден ги демонстрираше и своите таленти како моден камелеон.
Познатата русокоса која прилично се разбира во модата и модните трендови и овој пат ги преплави медиумите со своите 10 прекрасни комбинации во само 1 ден.
Прв на ред беше розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, а потоа следуваше бел комбинезон со зелени флорални мотиви.
Нешто подоцна Блејк беше елегантна дама во шоуто на Џими Фелон, по што облече ретро палто во бургунди - сива комбинација.
Шминката и фризурата исто така варираа зависно од модното парче кое го носеше за себе, па затоа заслужено ги собра сите комплименти од модните критичари.