Моден колаж: Неповторливиот стил на Криси Тајген (фото)
По многубројните успешни модни појавувања, Криси Тајген официјално е новата миленичка на модната индустрија.
29-годишниот бикини модел веќе со месеци лови погледи со впечатливите модни комбинации низ улиците на Лос Анџелес и Њујорк, па не одолеавме, а да не направиме колаж од сите најуспешни до сега.
Од минијатурни проѕирни туники, до стегнати фармерки и високи потпетици во секоја можна варијанта, Криси знае како да го истакне сексапилот преку едноставност.
Иако во комбинациите преовладуваат смирени пастелни и неутрални тонови, има нешто посебно што ви го привлекува окото.
Стилот на Криси е неповторлив и невозможен за копирање, но е огромна инспирација за девојките и жените кои сакаат да бидат како неа - уникатни.