Штикли или рамни чевли? Едноставно правило според кое Французинките одлучуваат што ќе облечат
На најголемата женска дилема конечно и дојде крајот. Рамни чевли или штикли со омилениот фустан? На ова прашање најлесно ќе си одговорите ако го следите правилото на Французинките.
Ако облечете здолниште или фустан кое е над колениците – правилото гласи: чевлите мора да се рамни!
Кога ќе се одлучите за варијанта во која ќе доминираат темните бои и нијанси, не ги затемнувајте нозете со хулахопки.
За модни комбинации во кои имате барем една посветла боја, хулахопките се и повеќе од препорачливи.
Доколку пак се определите за класично здолниште под колениците – задолжително облечете високи потпетици. Штиклите визуелно ќе ви ја издолжат фигурата и ќе ве направат повитки.
Во вакви модни комбинации имате целосна слобода да изберете модел каков што сакате – сандали, салонки, чизмички...