Формула за облекување после 40-та: Модни совети за сите средовечни дами
Кога жената ќе ја премине 40-та, треба да се откаже од одредени стилови и модели. Секако, со овие години стилот не прекинува, но мора да го модифицирате и прилагодите за да го истакнете само најдоброто и многу итро да го сокриете она на што не сте баш горди.
1. Прилагодете ја облеката на градбата
Кроевите и моделите кои не одговараат на вашиот тип градба лесно може да ви додадат години. Бирајте парчиња кои ќе ги нагласат само вашите адути.
2. Вистинска должина на здолништето
Дамите кои ја преминале 40-та година, не смее да носат здолниште кое е премногу кратко, но и кое е премногу долго. Во кратко мини ризикувате да делувате смешно, а во предолго уште постаро. Идеалната должина е неколку сантиметри над колениците.
3. Чевли
Никогаш не носете неудобни модели во кои не можете да одите. Одберете висина која ви одговара и по можност нека бидат во светли бои. Пастелните се идеални за пролет, а оние малку похрабрите може да набават пар во црвена, мастило сина или неоско розова нијанса.
4. Идеална боја на фармерките
Колку и да сте задоволни од линијата, во 40-те години треба да бирате потемни фармерки со тесен крој. Светлите и белите не доаѓаат во предвид.
5. Накит
Никако не претерувајте со светкавите метали и пластики. Сосема доволна е една нараквица или ефектно ланче. Со големите обетки никогаш не носете нараквица и огрлица, евентуално може некој дискретен прстен.
6. Внесете бои
Тоа што имате 40 години не значи дека треба да западнете во монотонија. Едноличната гардероба секогаш ќе ве направи постари, затоа свртете се кон посветлите нијанси. Пролетта е на прагот - одберете кајсија боја, бела, пастелно зелена, розова, светло виолетова...
7. Обрнете внимание на градникот
За горниот дел да ви изгледа помладо и поубаво не смеете да носите било каков градник. Затоа што градите со тек на време се опуштаат, неопходно е да одберете градник со потпора. Обрнете внимание моделот кој ќе го одберете да не ве засекува на грбот и да не ги прави оние болни белези на рамениците.
2 дополнителни совети:
- Не покажувајте премногу. Дамите во овие години не треба да го покажат она што го покажуваат 20-годишните девојки. Колку и да сметате дека сте слаби и добро градени, потрудете се да се држите до одредена граница.
- Неопходно е со вас секогаш да имате очила за сонце кои визуелно ќе ве подмладат барем неколку години.