Со помош на тон лубрикант, една жена ги пробува латекс фустаните на Ким Кардашијан (фото)

Во последно време латекс фустаните стануваат луксузен тренд помеѓу славните како Ким Кардашијан, Рита Ора, Лејди Гага... Но, што се случува ако обична жена сака да ги облече?

so-pomos-na-ton-lubrikant-edna-zena-gi-probuva-lateks-fustanite-na-kim-kardashian-foto-01.jpg

„Обичната“ жена Хана Флинт решила да проба неколку латекс фустани, идентични на оние кои Ким со леснотија ги носи.

Хана се упатила кај познатата дизајнерка за латекс креации Атсуко Кудо во Лондон, каде најпрво била измерена, па потоа и биле донесени повеќе модели и бои на фустани.

so-pomos-na-ton-lubrikant-edna-zena-gi-probuva-lateks-fustanite-na-kim-kardashian-foto-02.jpg

„Дефинитивно ми требаше помош за да ги облечам фустаните, а стилистот стави многу пудра во прав и лубрикант во внатрешноста на фустанот за подобро да се лизга. Велам да се лизга, но тоа не е така како што го замислувате. Ми требаа 15 минути за да го облечам фустанот и уште 10 да провериме дали сè е на свое место,“ раскажува 26-годишната Хана.

Таа признава дека почувствувала посебно голема самодоверба откако си ја видела фигурата во латекс фустанот затоа што материјалот го стега и го обликува секој сантиметар од телото.

Сепак, признава дека во него е топло и не знае колку е практичен за долги забави и настани на кои барем еднаш ќе треба да одите во тоалет.

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023 Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа г...
Лелеави фустани, кежуал комбинации, капчиња - Каков е стилот на Каролина Гочева кога не е на сцена? Модниот стил на Каролина Гочева на сцената и во приватниот живот се разликува мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg