Како да го одберете правилното здолниште според обликот на вашето тело?

Ако денес сакате мала промена во својот изглед, тогаш одлучете се за здолниште, но пред да тргнете во шопинг погледнете како да го одберете вистинското здолниште за себе.

kako-da-go-odberete-pravilnoto-zdolniste-spored-oblikot-na-vaseto-telo-001.jpg

Здолништата лесно се комбинираат и можете да ги носите скоро со сите парчиња облека, но морате во предвид да си ја земете и својата телесна градба.

Погледнете го овој краток водич:

Полно здолниште

kako-da-odberete-zdolniste-spored-vasiot-oblik-na-teloto-1

Романтично и софистицирано, полното здолниште е идеално за дневни и вечерни комбинации. Одговара на секој облик на тело и ќе ги сокрие сите недостатоци кај жените со изразени облини. Совршената должина на ова здолниште е до колената.


Тесно здолниште кое го следи обликот на телото

kako-da-odberete-zdolniste-spored-vasiot-oblik-na-teloto-2

Со ова здолниште морате да бидете внимателни, особено ако имате изразени облини. Овој модел е идеален за жените со фигура на песочен часовник, бидејќи ќе ги израмни облините и ќе го нагласи струкот.


Мини здолниште

kako-da-odberete-zdolniste-spored-vasiot-oblik-na-teloto-3.jpg

Без оглед на тоа како изгледате, за мини здолништето потребно е да бидете самоуверени и целосно задоволни со своето тело. Ако сте слаби по природа, тогаш за вас се идеални мини здолништата.


Труба здолниште

kako-da-odberete-zdolniste-spored-vasiot-oblik-na-teloto-4.jpg

Ова здолниште повторно е во мода, а совршено е за дами кои имаат облик на тело во песочен часовник, во круша или оние кои се слаби. Ако имате поголеми бутови, избегнувајте го ова здолниште, бидејќи дополнително ќе ги нагласи.


Здолниште на преклоп

kako-da-odberete-zdolniste-spored-vasiot-oblik-na-teloto-5

Ова здолниште не е идеално за секој облик на тело, бидејќи премногу покажува. Совршено е за дамите со облини, а не се препорачува на оние со атлетска градба.


Долго здолниште

kako-da-odberete-zdolniste-spored-vasiot-oblik-na-teloto-6

Совршено е за преку ден и изгледа модерно во комбинација со рамни чевли или патики. Одговара на сите дами без оглед на формата на телото. 

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg