За удобна и модерна пролет: Како да ги носите спортските патики во секоја комбинација?
Не велиме дека треба да заборавите на кондурите, балетанките и високите потпетици, но во секоја дневна кежуал варијанта може да ги вметнете и спортските патики.
Високата мода веќе со месеци ги меша поимите за модерно и удобно, па претпоставуваме дека и овој пролетен тренд е еден експеримент во кои сите многу брзо се вљубија.
Впечатливите спортски патики никогаш не изгледале подобро!
Со тесни фармерки, здолништа, фустанчиња, класични панталони, кошули и шарени сакоа, патиките се совршен финиш за сите момци и девојки кои се подготвени да се издвојат од толпата.
Новата модна мантра ги наложува дури и во најелегантните варијанти, па ако работното место ви го дозволува тоа, слободно пробајте.
Револуцијата на спортски патики може да започне уште викендов: