Приказната зад бисерниот фустан на Лупита Нионго (фото)
Темнокожата убавица Лупита Нионго полека прераснува во модна икона која на секој црвен тепих се вбројува помеѓу најдобро облечените жени. Така, и на овие Оскари се вброја во историските фустани кои ќе се паметат со децении.
Облечена во рачно изработена креација на Келвин Клајн, Лупита на себе носеше околу 6.000 бисери нанижани на тенок тул и префинета свила.
„Лупита имаше многу јасна визија и идеја што и се допаѓа,“ изјави стилистот на Лупита. „Возбудливо е да соработуваш со неа затоа што секогаш е подготвена да испроба нови работи.“
За самата изработка на бисерната креација, Лупита се обратила кај женскиот креативен директор на Келвин Клајн со кој до сега неколку пати има соработувано.
„Лупита ни стана блиска пријателка во текот на изминатава година. Овој пат сакав фустанот да биде со графика, но сепак да делува луксузно.“
Овој ефект бил постигнат со комбинирање на 6.000 бисери во различни големини, распоредени на ткаенината со посебно внимание.
Крајниот ефект не се споредува со ниту еден останат фустан од Оскарите!