Сите носат: Зелена чанта (фото)
Во разни бои, модели, стилови, чантите се секогаш составен дел од изгледот на една жена. Но, во преодниот период и пролетта која ни следува изгледа сите ќе носат зелени чанти.
Малечки или големи, со долго или кратко ремче, во облик на плик или ранец, сите модни блогерки и стилски икони веќе се подновија со неколку модели во зелена боја.
Нијансите варираат, исто како и моделите. Ваше е само да го пронајдете оној кој најдобро ви се вклопува во секојдневието.
Искомбинирајте ја зелената чанта со омиленото палто и ролка, тесните фармерки или официјалното здолниште.
Едно важно правило: Во никој случај чантата не треба да се совпаѓа со останатиот дел од облеката.