Водич за мажи: Како да изгледате повисоки со помош на облеката?
Им помагаме на сите ниски мажи да ја надмудрат генетиката и да изгледаат барем неколку сантиметри повисоки отколку што навистина се.
1. Монохроматско облекување
Ако сте ниски, тогаш ова е првиот трик кој треба да го примените. Она што се подразбира под монохроматско облекување е всушност еднобојно облекување. Одберете целосно црна комбинација или маица која е во иста боја како фармерките.
2. Внимавајте што носите
Почесто носете кошули, одела и џемпери со вертикални линии и чевли со подебел ѓон. Од друга страна пак, избегнувајте ги сакоата и палтата кои имаат многу копчиња.
3. Исправете се
Ова не е тесно поврзано со облеката, но секое сако ќе ви стои подобро ако одите исправени. Плус, несвесно ќе ја издолжите фигурата.
4. Нека преовладуваат темните бои
Црната, сивата и тегетот се идеални за визуелно издолжување на телото. Плус, со помош на темните нијанси ќе изгледате секогаш елегантно. Избегнувајте ги неонските бои колку и да ви се чинат забавни.
5. Не носете многу додатоци
Задржете се до едноставноста. Ременот со голема тока или дебелиот шал кој ќе ви го покрие вратот и рамениците не се најдобриот избор.