Како здодевната гардероба да ја направите поинтересна?
Трендовите се менуваат повеќе пати годишно, па затоа колку и да сакате да сте во тренд, лесно може да западнете во замката на здодевните парчиња облека кои се трупаат во вашиот гардеробер.
Голема е веројатноста дека имате многу интересни парчиња, а единствениот проблем е што ги комбинирате еднолично.
Затоа ви предлагаме да излезете од комфорната зона и да се впуштите во светот на модните експерименти.
1. Белиот здодевен фустан освежете го така што ќе облечете кожна јакна врз него. Бонус е модерната црно-бела чанта.
2. Долгиот црн џемпер во комбинација со фармерки изгледа како веќе видена варијанта. Затоа, никогаш нема да погрешите ако го облечете во комбинација со црно, необично здолниште и акцентот го ставите на омилениот накит.
3. Својата црна комбинација секогаш може да ја освежите ако малку си поиграте со боите. Во ред е, знаеме дека сте заљубени во малиот црн фустан, но неговата монотонија секогаш може да ја разбиете со бела јакна или сако, бели високи потпетици и чанта со впечатлив дезен.
4. Самото тоа што јакната ќе ја нагрнете на рамениците, наместо да ја облечете, значително ќе ја подобри целата комбинација.
5. Големите ланчиња ви се прв избор кога треба да додадете впечатлив аксесоар? Здодевно! Наместо нив, одберете модерна обетка која ќе го покрие целото уво, а косата префрлете ја на страна.
6. Секогаш е добро да го истакнете струкот за да изгледате послабо. Но, никако не се одлучувајте за колан над маицата или кошулата. Секогаш подобра варијанта е истата да ја ставите во здолништето.
7. Добар начин за визуелно да ја изложите фигурата, без оглед на облините, е краткиот топ. Наместо да ги криете колковите со долг џемпер, фармерките кренете ги повисоко и облечете пократок џемпер кој ќе го открие струкот.
8. Во тренд се посебно широки панталони и кошули, но ако ги облечете само нив ќе изгледате подебело за 5 килограми минимум. Затоа, никогаш не излегувајте без сако или наметка врз рамениците.
9. Одличен начин да ја разбиете монотонијата на секоја комбинација е крзнениот елек. Наместо да го носите под палтото или наметката, облечете го последен. Верувајте, сите ќе ја забележат разликата.
10. За крај, не заборавајте да носите слоеви. Хулахопките и класичниот џемпер изгледаат топло, но доколенките и краткиот џемпер изгледаат многу помодерно. Треба само соодветно да ги искомбинирате.