Што да облечете за да изгледате подобро на фотографиите?
Ако мислевте дека секогаш беспрекорно облечените ѕвезди и блогерки не користат трикови, се лажете. Дури кога ќе застанат пред фотоапаратот може да ги забележите нивните тајни.
Овие 3 може да ги примените и вие, ако сакате да изгледате секогаш беспрекорно на фотографиите:
1. Облечете се еднобојно од глава до пети
Едноставноста на бојата или монохороматскиот стил ќе изгледа едноставно, шик и дефинитивно примамливо за фотоапаратите.
2. Облечете темни, тесни фармерки
Избегнувајте ги широките, машки модели. Црните тесни фармерки секогаш изгледаат добро на секоја градба.
3. Одберете струкирана блуза или палто
Блузата со стегнат струк ќе му даде посебна дефиниција на телото, исто како и струкираната наметка или кошула со нагласени раменици. Со помош на правилните линии ќе изгледате секогаш беспрекорно и луксузно.