На црвениот тепих на „Златните глобуси“ доминираа долгите црвени фустани (фото)

Вчера во Беверли Хилс, Калифоринија се одржа 72-то издание на „Златните глобуси“ и се доделија наградите за најдобрите филмски и телевизиски остварувања.

na-crveniot-kilim-na-zlatnite-globusi-dominairaa-dolgite-crveni-fustani-foto-01

За најдобар филм - драма беше прогласен „Boyhood“, а Ричард Линкејтер го доби и глобусот за најдобар режисер.

За најдобра комедија беше прогласена „Тhe grand Budapest Hotel“, а за најдобар странски филм од неанглиско говорно подрачје беше избран „Leviathan“ (Русија).

Меѓу актерките во овој жанр наградена беше Џулијан Мур („Still Alice“), во комедиите за најдобра беше прогласена Ејми Адамс („Big eyes“), Рут Вилсон беше прогласена за најдобра актерка во телевизиската драма „The Affair“, а Џина Родригез како најдобра во телевизиската комедија „Jane the virgin“.

Покрај нив уште многу други холивудски дами блеснаа на црвениот тепих во долги вечерни тоалети на веќе докажани модни дизајнери како Версаче, Диор, Валентино, Оскар де ла Рента, Ели Сааб, Вера Ванг и многу други.

Се забележуваше карактеристиката на елеганција и софистицираност со крој кој најчестоп ја следи линијата на телото или се развива во широко здолниште во стилот на модата од 50-тите.

Нежни материјали со умерено одбрани детали ги надополнуваа фустаните во најразлични бои, меѓу кои најдоминантна беше црвената.

Погледнете која од нив најмногу блесна:

Си го одбравте омилениот фустан?

Би можело да ве интересира:

15 ѕвезди кои избраа фустани од модните писти и во нив изгледаат поинаку од моделите Марго Роби, Џулија Робертс и Ева Лонгорија се само дел од актерките кои избраа ф...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg