Брзо и лесно: Имајте кратка фризура без шишање
Ако ви здодеа фризурата, а никако не сте подготвени за ножиците на вашиот фризер, сепак е можно да направите драстична промена и без шишање.
Во неколку едноставни чекори можете да имате интересна и впечатлива кратка фризура, но и доколку отсекогаш сте се прашувале како ќе ви стои, сега имате можност да пробате.
Погледнете како да си ја направите:
Прв чекор: Косата поделете ја на два дела, горен и долен.
Втор чекор: Горниот дел од косата соберете го со шнола за да не ви пречи.
Трет чекор: Долниот дел од косата фатете го во опавче.
Четврт чекор: Од опавчето направете мала пунџа, па со шноли зацврстете го остатокот од косата.
Петти чекор: Пуштете го горниот дел од косата, а потоа поделете го на повеќе прамени.
Шести чекор: Секој прамен свиткајте го на половина и ставете го долу. Прамените зацврстувајте ги со помош на шноли, но внимавајте да не се забележуваат.
Седми чекор: Откога ќе ги закачите сите прамени, со помош на фигаро нежно поминете ги прамените. На овој начин косата ќе изгледа природно.
Осми чекор: За крај додајте некој интересен детаљ како машничка или венче.
Како ви се допаѓа?