Овие фустани ќе ве воодушеват и згрозат истовремено (видео)
Постојат различни материјали кои се користат за изработка на облека, некои се пријатни, некои не, некои скапи, некои евтини, но необични. Сепак, кога ќе погледнете од што е изработен овој фустан, ќе размислите дали сакате да го облечете.
Пабло Кумин е фризер и моден креатор кој прави фустани од човечка коса.
Иако има само 23 години, Кумин е еден од модните дизајнери кои привлекуваат најголемо внимание.
Неговите креации се често провокативни, изработени од плетена коса, а секое парче си побарува стотина часови изработка.
На почетокот младиот уметник користел коса од своето фризерско студио, но денес има спонзор кој му набавува коса од Индија.
Ова се само дел од фустаните изработени од Кумин: