Трикови кои палат: Како да ги сокриете облините?
Празниците се во полн ек, а вие никако не можете да го облечете омилениот фустан затоа што е претесен?
Имате 2 опции за спас - да гладувате во следните неколку дена, што никако не ви препорачуваме или да одберете гардероба која ќе ги сокрие неколкуте вишок килограми.
Фустан кој се шири под градите
Црниот фустан кој се шири под градите ќе го скрие проблематичното стомаче кое го имате. Лентата со сребрени монисти е доволно ефектна и ви препорачуваме од накит само да ставите впечатливи менѓушки. Кратките бунди од вештачко крзно се секогаш добредојдени во оваа комбинација.
Панталони со широки ногавици
Моделот кој ги освои сите модни блогерки. Панталоните со широки ногавици добро им стојат на девојките со манекенска линија, но и на оние кои сакаат да ги сокријат вишокот килограми. За да ги издолжите нозете комбинирајте ги со салонки, а ако се одлучите за црвени дефинитивно ќе бидете во центар на вниманието.
Лежерна кошула
Секоја дама мора да има барем една лежерна, романтична кошула. Ако конфекцискиот број ви е поголем од 36, препорачуваме да одбирате послободни модели. Освен што претесните кошули го истакнуваат секој килограм, опуштените кошули се многу помодерни. На пример, темно црвената кошула од свила е секогаш полн погодок.