Омилениот зимски додаток: Огромен, топол шал
Зимата секогаш доаѓа и изненадува со нови и поинакви модни предлози, но марамите се помеѓу оние вечни трендови кои се удобни, топли и модерни во едно.
Лесно е да се замотате во нив, а уште полесно е да ги вклопите во секој дневен или вечерен изглед.
Огромната марама можете да ја носите лесно префрлена преку рамото или замотана околу вратот.
Ако ви е полесно може да направите и имитација на пелерина која ќе ја ставите околу вратот и ќе ја зацврстите со тенок колан.
Поиграјте си со слоевите, материјалите, боите и гломазноста на моделите.
Храбро комбинирајте ги принтовите и текстурите за да создадете уникатен и впечатлив изглед кој сите ќе го забележат.