6 модни правила кои може да ги прекршите за време на празниците
Низ годините модата станува сè полиберална во однос на правилата. Поминаа оние времиња кога црвената и розовата беа модна катастрофа, кога чантата и чевлите требаше да бидат во иста боја и кога принтовите не се мешаа.
Посебно празниците се интересно доба во годината кога сè е дозволено.
1. Мешајте принтови
Зошто да не? Иако повеќето девојки се плашат од овој чекор, само внимавајте принтовите да се со различна големина и со боите премногу да не се поклопуваат. На овој начин ќе добиете 10-ка за стилот, но и за храброста.
2. Поместете ги границите
Кој вели дека не смее да носите тексас од глава до пети или дека дамите носат само здолништа и фустани? Коко Шанел била една од првите дами кој почнала да носи панталони. Затоа поместете ги модните граници и бидете свои!
3. Составете добитна комбинација
И нека постојано ви биде при рака кога не знаете што да облечете кога брзате. Баш како Кејт Мос која обожава тесни фармерки, чизми над глужд, лежерна кошула и палто.
4. Бирајте светли додатоци кои не се вклопуваат со бојата
На црниот мал фустан додадете му виолетов накит и циклама мини чанта, а сивите фармерки носете ги со неколку пастелни аксесоари. Не се задржувајте до правилото на 2 бои, ќе изгледате здодевно.
5. Мешајте текстури и материјали
Џемперот облечете го над лелеавиот фустан или со есенското макси здолниште. Плетеното палто носете го со свилена кошула и крзнен елек. Елекот пак може да го облечете и врз омилената кожна јакна.
6. Облечете парче со празничен мотив
Секако, не претерувајте. Џемперот со снешко може добро да се најде за на дневно кафе со фармерки и чизми, а наметката со ситни точки во празничните бои секогаш може да ја облечете над лежерен џемер-фустан заедно со чизми над колената. Не се плашете да ја пренесете празничната еуфорија на вашата облека.