Зимски тренд: Капут со кожни ракави (фото)
Ако размислувавте да се подновите со капут кој ќе го носите оваа зима, сакате да изгледате модерно и да сте во тек со актуелните трендови, тогаш одберете модел со кожни ракави.
Моментално ова топло парче е апсолутен хит помеѓу блогерките затоа што може да се комбинира во сите прилики и со сите парчиња гардероба и обувки - од здолништа до фармерки, од чизми на штикла до патики.
Голема предност кај кожните ракави е што тие не се оштетуваат така лесно и не го менуваат својот облик, па можете да заборавите на проблемот со излижаните или раширени лактици.
Ако ви треба уште некоја причина плус зошто да одберете мешавина од кожа и друг материјал, еве ви 12: