5 џемпери кои секоја жена треба да ги има оваа зима
Кога температурите конечно се спуштија, време е да се вовлечете во омилениот џемпер со прекрасна боја и плетка.
Трендовите можеби секојдневно се менуваат, но никогаш нема да погрешите ако одберете еден од овие 5 модели.
Тие се вечно модерни, удобни и топли, затоа вреди да ги имате во гардероберот оваа зима:
Џемпер со овален отвор
Одлично се вклопува со сите здолништа и панталони со висок струк. Под него можете да носите кошула на закопчување, а нема да погрешите дури и да го облечете над омилениот тесен црн фустан.
Џемпер со гломазна плетка
Крупните плетки станаа зимска класика затоа што се топли, а истовремено изгледаат неверојатно префинето. На секоја комбинација додаваат пријатна, рустична нота. Запаметете, колку е поголема плетката - толку подобар е ефектот.
Елегантна ролка
Елегантната ролка можете да ја комбинирате со сè што имате во гардероберот - од тесни елегантни здолништа, до обични фармерки и класични панталони со висок струк.
Асиметрична туника
Идеална за деновите кога немате многу време за дотерување, а сакате да изгледате опуштено. Одлично се вклопува со тесни хеланки, дезенирани хулахопки и чизми до колена.
Џемпер со впечатливи детали
Монистри, реси или нешто сосема трето - важно е да биде впечатливо и да привлекува внимание. Секако, остатокот од гардеробата треба да биде минималистички.
Потсетете се и на 4-те џемпери кои секој маж треба да ги има оваа зима.