5 бои кои најдобро им стојат на русокосите
По 5-те бои кои најдобро им стојат на бринетите, ви откриваме со кои бои сите русокоси може да го истакнат својот сексапил, а да ги камуфлираат недостатоците.
Ако сте русокоса, наполнете го гардероберот со овие 5 бои:
Металик
Без разлика дали ја сакате класичната сребрена или сината металик, сјајот од овие бои ќе ви ја истакне русата коса која е ваш главен адут.
Бела
Белата фантастично им стои на русокосите затоа што дополнително го истакнува сјајот на русата коса. Плус, кожата секогаш изгледа за нијанса потемно, што е рецепт за многу попривлечен изглед.
Беж
Голем број на русокоси избегнуваат да носат беж креации мислејќи дека ќе изгледаат еднолично и монотоно, без да знаат дека во комбинација со други металик нијанси може да изгледаат скапоцено и секси. Посебен погодок ќе постигнете ако беж нијансите ги комбинирате со црни детали.
Розова
Нежна, пастелна или неонска, русокосите знаат да ја носат оваа боја на женствен и совршен начин. Посебно ако облечат некој дамски фустан во розова боја.
Жолта
Жолтата боја е последната со која никогаш нема да погрешите. Русокосите со платинесто руса коса треба добро да се снабдат со гардероба во оваа боја.