Како да направите топла капа од стариот џемпер?
Зимата полека пристигнува, а сигурно до сега го исчистивте гардероберот од џемперите кои веројатно никогаш веќе нема да ги облечете. Наместо да ги фрлите, зошто да не ги искористите?
Плетените џемпери одлично може да ви послужат како материјал за неколку нови капчиња кои ќе ги износите во студените денови кои следуваат.
Потребни ви се ножички, метро, лепак или игла и конец и стариот топол џемпер.
1 чекор: Измерете колкава висина сакате да има капата и пресметајте дополнителен 1 сантиметар за порабување, па исечете ја долната страна на џемперот. Ако сакате модел кој ќе се набира, исечете 10-15 сантиметри повеќе.
2 чекор: Исечете го работ од едната страна за да добиете долго парче материјал.
3 чекор: Измерете го обемот на вашата глава преку челото, па според тие мерки исечете го материјалот.
4 чекор: Превиткајте ја ткаенината на овој начин:
5 чекор: Исечете го горниот дел за да добиете полукружен облик, па раширете ја плетката.
6 чекор: Превиткајте ја ткаенината на половина, а рабовите залепете ги или зашијте ги со игла и конец.
7 чекор: Отворете ја капата и спојте ги соседните рабови додека не го затворите отворот.
8 чекор: Превртете ја капата и пробајте ја!