9 Правила кои секој модерен маж треба да ги почитува
Поважно е секој ден да изгледате добро, отколку секој ден да изгледате различно.
Динамичниот и модерен маж треба да ги почитува овие помалку познати правила, поврзани со стилот.
Погледнете кои се тие и проверете колку од овие правила почитувате:
1. Експериментирајте со чевлите
Правилото за чевли е следно: Црната боја е основа, а основата е здодевна. Сите носат црни чевли, па затоа вие одлучете се за сиви, темно кафени, сини, во кои ќе изгледате префинето. Не заборавајте дека бојата на чевли треба да е еднаква на бојата на ременот.
2. Вратоврска и ревер
Едно од основите правила, кога е во прашање комбинацијата на ревер и вратоврска е следно: Низок ревер - ниска вратоврска или широк ревер - широка вратоврска.
3. Секогаш подготвени за сѐ и секого
Првиот впечаток кој го оставате кај луѓето е најважен, а сигурно не сакате да ве етикетираат како неуредна личност.
4. Секогаш пеглани
Успешните, модерни мажи никогаш не носат стуткана облека. Ако сте едни од оние кои понекогаш се мрзеливи да ја испеглаат облеката, тогаш време е да заборавите на таа лоша навика. Доколку наутро сте уморни, средувајте си ја облеката за следниот ден, ноќта претходно.
5. Совршено одело
Добро скроеното одело ќе ве направи да изгледате послабо, повисоко и секако ќе ви даде повеќе самодоверба. Ако имате вакво магично, совршено одело, на никој нема да му е грижа дали под него носите обична кошула или кул патики. Единствено не носете кошули со броеви, натписи или нешто слично што обично носите по дома.
6. Шефовите носат бели кошули, а подредените сини
Доколку во соба влезат тројца мажи во одела и едниот од нив има бела кошула на себе, веднаш можете да претпоставите дека станува збор за шефот.
7. Едноставност на маичките
Мажите изгледаат одлично во маички со едноставен крој, без натписи. Задржете ја едноставноста и инвестирајте во обични црни, бели или сиви маици.
8. Должина на панталоните
Вашите панталони се прекратки доколку ви се гледаат чорапите додека одите. Панталоните треба да ги допираат чевлите, со исклучок на фармерките.
9. Фрлете ја старата гардероба
Елиминирајте ги сите работи кои подолго време не сте ги облекле и оние кои веќе никогаш нема да ги носите. Направете место во гардероберот за секој вид на гардероба, за во секое време да го пронајдете потребното.
Колку од овие правила почитувате?