Анѓелина е првиот српски модел со облини: Тежи речиси 80 килограми
Анѓелина Луковиќ е новото име кое се пробива на модната сцена за модели со облини, а потекнува од соседна Србија. Медиумите тврдат дека има околу 80 килограми, додека нејзината агенција вели дека моментално тежи нешто над 72 килограми.
Анѓелина е манекенка која не стигнала до успехот со диети, туку со тренинзи, здрава храна и по некое вкусно колаче без кое не може да си го замисли секојдневието.
Нејзината кариера започнала сосема случајно, кога се приклучила на Фејсбук групата на агенцијата за модели. Било едноставно, се пријавила и ги освоила симпатиите.
Анѓелина тврди дека никогаш не можела да влезе во конфекцискиот број 36, по што сфатила дека не сите мора да носат ист број. Тогаш почнала нормално да живее и да тренира.
Сега тежи помеѓу 72 и 80 килограми, висока е 180 сантиметри и решена е да гради кариера со нејзините „несовршени“, но прекрасни пропорции.
Таа има 19 години, штотуку завршила средно училиште, а веќе работи низ Европа и Азија, а наскоро ќе започне и неколку кампањи во Америка.
Тврди дека заработува добро со оглед на тоа што конкуренцијата е помала во светот на моделите со облини, но и дека си ја обожава работата и покрај тоа што знае да биде напорна, односно да трае по 12 часа без пауза.