Направи сам: Топло пончо за 2 минути
Пончото оваа сезона е главен тренд кој задолжително треба да го набавите, или ако сте доволно креативни, сами да го изработите.
Потребен ви е еден поширок шал, остри ножички, игла и конец.
Започнете така што ќебето ќе го преклопите на половина, ако сакате пончото да е подеднакво и од предната и од задната страна. Или, можете предниот дел да го направите малку пократок од задниот, изборот е ваш.
Обележте ја средишната точка на преклопувањето и исцртајте линија колкав што сакате да биде отворот на вратот и рамениците.
Исечете ја обележаната линија. Со игла и конец (или машина за шиење, ако имате) порабете го засечениот дел.
Тоа е тоа! Вашето пончо е готово. Облечете дебел џемпер, тесни фармерки и високи чизми и подготвени сте за ново модно појавување!
Овде откријте неколку тренди идеи како да го носите вашето ново пончо.