Брз трик на модните блогерки: Ова е тајната на беспрекорните комбинации

Суштината на добриот стил не лежи во скапата облека, туку во добро искомбинираните детали.

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-01.jpg

Начинот на кој ќе ги завратите ракавите и ногавиците, или на кој ќе го наместите коланот, може да направи огромна разлика.

Една од тие мали ситници е токму вовлекувањето на блузата, кошулата, маицата... Тој детаљ го користат и модните блогерки кои изгледаат како штотуку симнати од модните писти.

Предно вовлекување на блузата

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-02.jpg

Одличен начин да ја нагласите линијата на струкот. Вовлечете само 10тина сантиметри од предниот дел на блузата, а делот кај колковите оставете го слободно да паѓа. За дополнителен ефект додадете колан.

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-03.jpg


Целосно вовлекување на блузата

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-04.jpg

Најдобро оди со здолништа и панталони со висок струк. Вака дополнително ќе ја дефинирате и издолжите фигурата. Едноставно вовлечете го целиот раб на блузата, подигнете ги рацете за да добиете природен ефект и уживајте во опуштениот изглед.

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-05.jpg


Половично вовлекување на блузата

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-06.jpg

Идеално за кошули и блузи на закопчување, ова вовлекување ќе ви даде лежерна нота на секој изглед. Едноставно е - вовлечете го само предниот дел од едната половина на кошулата, а другиот оставете го слободно да паѓа.

brz-trik-na-modnite-blogerki-ova-e-tajnata-na-besprekornite-kombinacii-07.jpg

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg