Пред 10 години сите го мразевме овој тренд, а сега сите ѕвезди го носат
Кога во 2001 година Бритни Спирс и Џастин Тимбрлејк се појавија во џинс од глава до петици, тогашната генерација овој изглед го оцени како еден од најкатастрофалните.
Од тогаш, двојниот тексас стана модно правило кое мора да го избегнете.
Меѓутоа, никој не ни очекуваше само една деценија подоцна двојниот тексас да прерасне во водечки тренд!
Дизајнерите даваа сè од себе за да го променат начинот на кој го гледаме џинсот. Па така, во колекциите на врвните дизајнери како Балмаин и Луј Витон тој ја зазема врвната позиција.
Полека но сигурно, станува неизоставен дел и од уличната мода која ја практикуваат Оливија Палермо, Ријана, Џеј Ло, Канје Вест...
Еве како денес изгледа трендот кој пред една деценија беше модна катастрофа: