4 начини како однапред да знаете дали штиклите ќе ви бидат неудобни
Секоја девојка има љубовна врска со штиклите која повремено ја раскинува заради неподносливата болка, па потоа повторно ја обновува заљубувајќи се во 12-сантиметриската висока потпетица и така во круг...
За да си ја одржите љубовта кон потпетиците, а воедно и здравјето на стапалата, ви помагаме со 5 едноставни совети.
Еве како да препознаете дали штиклите ќе ви бидат неудобни уште пред да ги купите:
1. Обрнете внимание на калапот
Најчесто поевтините модели се составени од тврди калапи и облоги како би го задржале првобитниот облик, заради што може да бидете жртва на пликови по нозете. Само така ќе успеете ги распознаете квалитетните од „хартиените“ модели кои ќе го оштетат вашето стапало.
2. Направете тест со палецот
Важно правило кое треба да го почитувате е да оставите доволно простор помеѓу вашиот најдолг прст и работ на штиклите, со ширина од 1 палец. Тој слободен простор е клучен за да можете нормално да се движите.
3. Задолжително шетајте низ продавницата
Не ги облекувајте штиклите само за да видите како ви стојат со новите фармерки. Направете добра прошетка низ продавницата. Ако ви дозволат, направете неколку чекори надвор од продавницата, затоа што подовите најчесто се лизгави и специјално направени за да имате чувство на леснотија.
Бонус совет: За момент затворете ги очите и проценете како ви се чувствуваат стапалата без да се гледате. Обрнете внимание на притисокот. Ако постои во најмал интензитет, пробајте друг модел или поголем број.
4. Купувајте чевли пред крај на денот
Вашето стапало лесно се шири низ денот, па ако некако е возможно, пробувајте ги чевлите кон крајот на денот. Ако наутро купите високи потпетици, големи се шансите дека уште истата вечер нема да може да ги облечете.