Чизмите до половина лист визуелно ги скратуваат нозете, а каубојските ги кријат вишокот килограми

За визуелно подолги нозе, чизмите треба да ги вклопите со бојата на панталоните, додека вниманието од широките колкови ќе го одвлечат чизмите потемни од горниот дел на облеката, блузата или јакната.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-01.jpg

Чизмите до глужд најдобро прилегаат со тесни фармерки, а доколку се на потпетица визуелно ја издолжуваат фигурата.

Речиси секој модел чизми изгледа одлично со тесни фармерки. Сепак, ако чизмите се со должина до половина лист, внимавајте. Таквите чизми визуелно ги скратуваат нозете и ги истакнуваат колковите.

Избегнувајте ги чизмите кои се рамни и гломазни, затоа што ќе создадат ефект на големи стапала.

Покрај волку правила, се прашувате како да ги одберете идеалните есенски чизми?

За визуелно подолги нозе

Ако сакате да постигнете впечаток на подолги нозе, чизмите нека бидат во иста боја со фармерките или панталоните. Со темни фармерки одлично прилегаат сите модели на чизми, па затоа никогаш нема да погрешите.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-1.jpg


Криење на нозете и колковите

Ако сакате да го одвлечете вниманието од широките колкови, послужете се со едноставниот трик на стилистите и облечете чизми кои се потемни од фармерките, а во иста боја со маицата или јакната која ја носите. Така ќе се фокусирате на горниот дел од телото.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-2.jpg


Совршени за ниските девојки

Можеби најголемата предност за ситните и ниски жени се чизмите. Ако најдовте совршени панталони кои ви се малку подолги - ставете ги во чизмите. На тој начин ќе го избегнете ефектот на кратки нозе.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-3.jpg


Црната е секогаш ин

Едноставната комбинација од тесни фармерки, кошула и чизми на потпетица во црна боја е секогаш ин. Таа ќе ви даде елегантен и модерен изглед. Ако фармерките се светли, чизмите нека бидат до глуждот. Избегнувајте ги високите модели во комбинација со светли панталони, затоа што ви ги скратуваат нозете.

cizmite-do-polovina-list-vizuelno-gi-skratuvaat-nozete-a-kaubojskite-gi-krijat-visokot-kilogrami-4.jpg

Би можело да ве интересира:

8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg