Таа ги шета најдобрите чевли во светот (фото)
Нејзиниот стил е надалеку познат, а изреката дека чевлите го прават стилот на една жена е нејзина главна парола. Чевлите на Викторија Бекам не може да не ги забележите, бидејќи нејзиниот избор е секогаш одличен.
Тие се вообичаено нејзиниот највпечатлив детаљ, па не е чудно кога се коментира стилот да го заземат централното место.
За добар вкус мора да имате смелост и многу фантазија. Играта на сигурно не е секогаш добро решение, кога ќе си поиграте со изборот, успевате да бидете поинакви.
Една од нејзините тајни за забележителни чевли е тоа што таа обично е во црна гардероба, а чевлите во некоја силна боја или необичен дизајн и се единствениот детаљ кој го истакнува, па не може да ги одминете.
Погледнете го нејзиниот избор на чевли: