Кому му стои подобро? (147)
Канадската актерка Шеј Мичел, позната по улогата во серијата Pretty Little Liars направи идентичен моден избор како најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан.
На Teen Choice наградите во неделата, Шеј се појави во елегантен комплет од бела тантела кој изгледаше одлично, но многумина ги потсети на комбинацијата во која Ким го прослави 33-от роденден.
Интересно е што нивните креации изгледаат потполно исто, а се потпишани од два различни дизајнери.
Канадската актерка изгледот го надополни со металик шпиц чевли, додека Ким носеше златни отворени сандали.
И двете одбраа клач чанти, а единствена разлика е вечерната впечатлива шминка на Шеј која значително се разликува од онаа „поприродната“ на Ким.
-->
-->
|
Која изгледа подобро?