Српската Синди Крафорд ја освојува светската мода
Бојана Крсмановиќ станува една од најбараните манекенки во светската мода. Нејзината природна класична убавина која малку потсетува на светскиот топ модел Синди Крафорд само дополнително ѝ ги отвора вратите во светот на модата, каде одамна недостигаат вакви ликови.
Атрактивните облини, густата коса и убавите црти на лицето се она со што ги освојува сите модни агенции. Пред извесно време потпишала договор и станала заштитно лице за американската компанија Guess за кои рекламира фармерки и модни додатоци.
Покрај тоа, Бојана Крсмановиќ е една од ретките, која не е претерано слаба, а сепак рекламира долна облека. Ги обожава своите облини и смета дека тие ѝ отвораат повеќе можности.
Секој месец живее и работи во различна земја низ Европа, зависно каде има снимање, но остварува контакти и со Америка, каде сака да ја продолжи кариерата.
Погледнете како изгледа современата српска Синди Крафорд:.