Од обично момче преку Инстаграм до модел за Nike (фото)
Метју Нозка студент на еден американски универзитет во Пенсилванија, од обично 21-годишно момче во последна година од училиштето кој игра за кошаркарскиот тим, преку ноќ станал светски модел.
Иако звучи како американски филм, сепак тоа навистина му се случило на ова русокосо момче кое било забележано на Инстаграм од страна на еден агент за машки модели, кој веднаш нашол начин да го најде и запознае, а при тоа и веднаш да му понуди соработка.
На почетокот не му се верувало, ниту него, ниту на неговите родители, бидејќи никогаш претходно не се занимавал со манекенство, но му се видело како добар начин за да заработи нешто плус.
Не ни сонувал дека преку ноќ, по само неколку фотосесии ќе биде побаран да рекламира за бренд како Nike и да има едиторијали во светски магазин како GQ.
Сепак, тој сака да го доврши училиштето и да продолжи да игра за кошаркарскиот тим, но веројатно, не би ги одбил ниту понудите за фотомоделство.
Метју навистина има што да покаже: