Нивниот стил остана запишан во времето: Диви кои ја издигнаа модата
Кога е во прашање модата тие се вистински икони на стилот од минатото кои покрај облеката, зрачат со став, визија, храброст и грациозност. Денес, овие диви и понатаму инспирираат, а нивниот стил обележал една посебна епоха.
Присила Присли
Присила која е сопруга на легендарниот Елвис Присли, ја обележала модната сцена во 60-тите години од минатиот век, благодарение на својата елеганција, гламурозно облечена и со натапирана црна коса. Присила навистина знаела да ја носи титулата кралица на рокенролот.
Принцезата Грејс Кели
Познатата Грејс Кели чиј живот се сменил за 180 степени кога од глумица станала принцеза, оставила трага во времето поради својата класична убавина и елеганција. Принцезата Грејс од Монако ќе остане запаметена во софистицираната венчаница со тантела која ја носела на венчавката со принцот од Монако.
Принцезата Дајана
Една од најфотографираните жени на светот, принцезата Дајана, секогаш имала непогрешлив вкус. Нејзиниот стил, грациозноста и секогаш перфектната фризура и хуманост, остануваат запаметени засекогаш.
Мерилин Монро
Дури и по 50 години од нејзината смрт, Мерилин останала една од најголемите икони кои некогаш чекореле на Земјата. Мерлинка била една од првите секс-бомби и заведувала многу познати и моќни мажи со својата фигура, познатата фризура и црвениот кармин.
Уште 5 модни диви на следната страница...