Кејт Хадсон е новата кралица на уличниот стил (фото)
Актерката Кејт Хадсон отсекогаш важеше за една од најсимпатичните на светската сцена, но изминатава година добива една потполно поинаква титула - кралица на уличниот стил.
Низ улиците на Њујорк Кејт Хадсон обожава да се шета стилизирана од глава до пети, па така сè почесто нејзините фотографии служат за модна инспирација.
Лежерни комбинезони, здолништа со средна должина и лежерни маички и кошули се нејзиниот најчест избор, добро надополнет со пар елегантни високи потпетици.
Кејт успешно се задржува до минимализмот, и наместо гламур, таа промовира лежерност, опуштеност и комбинации со сопствен печат.
Токму затоа, таа е новата модна миленичка: