Нов жежок моден тренд: Чевли во неонско жолта боја
Дури и во деновите без инспирација за комбинирање облека, доволно е да ги облечете само овие нови, модерни чевли и вашата гардероба ќе добие потполно нов изглед.
Чевлите во неонско жолта боја се огромен хит кај славните личности, но и кај многу блогерки кои ова лето се одлучија дел од нивната гардероба да блесне.
Доколку мислите дека немате со што да ги комбинирате, грешите. Ова лето дозволено е да си играте со модните трендови и со различните бои.
Па така, можете дури и да носите обичен фустан во сина боја или комбинезон во нежно розова нијанса.
Дајте и нов изглед на вашата гардероба која ја носите на работа и додајте накит во жолта нијанса заедно со жолтите чевли.
Најдобро е секогаш овие чевли да ги комбинирате со бои кои се целосен контраст. Принтовите и шарените дезени исто така изгледаат одлично.
Оваа галерија ќе ви даде дополнителна инспирација и ќе ви покаже зошто ова лето мора да имате еден пар неонско жолти чевли: