Тренд аларм: Тропски принтови
Денес уживајте во тотално тропски стил. Почувствувајте го духот на Хаваите, Карибите, Јужна Америка, Африка, Азија...
За да изгледате егзотично бирајте облека во светли, храбри и неонски бои кои вешто ќе ги носите заедно со тропските билки и цветни шари.
Носете облека од лесни материјали, а типичната тропска Aloha кошула задолжително вклучете ја во дневната комбинација.
Хавајските фустани и парео моделите кои ги носат жените од Тахити исто така се водечки тренд за ова лето.
Тропскиот, егзотичен изглед многу лесно ќе го постигнете со симпатичните самба панталони, кои беа водечки тренд во ’50-те. Искомбинирајте ги со цветна блуза или кошула и имате летен, моден погодок!
Спој од шарени ананаси, палми, бамбуси... Креирајте го сопствениот моден рај користејќи ги најжешките шари за оваа сезона: