Како да ги носите летните макси фустани?
Долгите фустани се едно од најпријатните парчиња гардероба во текот на жешките лета, а воедно и пристојни се за секоја ситуација.
Со правилно одбрани детали можете да ги носите на работа, во парк, на прошетка со пријателите, но и на елегантните свечености.
Со впечатлива огрлица и добро ускладена чанта, макси фустаните се идеален избор за дневните прошетки, а за на работа врз нив облечете струкирано сако во пастелна нијанса.
Макси фустаните со полежерни линии одлично се вклопуваат со старките и тексасот јакни, големите очила за сонце и шешири. Ова е идеален спој за дневното кафе со пријателите.
Кога сакате да бидете малку понеобични, додадете марама со дезен и тенок колан под градите, а во свечените моменти - задржете се до крупните, цветни дезени или предноста на минимализмот.
Разгледајте и одберете ја комбинацијата која најдобро го пресликува вашиот стил: