Модни предлози за идеален деловен изглед во текот на летото (фото)
Ако никако во главата не можете да ги споите деловниот изглед и жешките температури, па секое утринско подготвување ви е најголема битка, вреди да го испробате летниот микс од модели, бои и дезени дури и за во канцеларија.
Лесните материјали, здолништата со средна должина и широките панталони нека ви бидат главна модна инспирација, надополнета со класични кошули во весели бои и впечатливи модни додатоци.
Сепак, од овие 8 правила не смеете да отстапите ако сакате да ги избегнете чудните погледи и непристојни понуди:
1. Вашето деколте би требало да биде секогаш дискретно, односно 10 сантиметри над клучната коска.
2. Ако преферирате маички без ракави, избегнувајте ги оние со тенки прерамки. Наместо нив, одберете блузи од лесни материјали, со дебели прерамки кои ги покриваат вашите раменици.
3. Кога не знаете какви обувки да ставите, високите шпиц потпетици се секогаш добар избор.
4. Кога носите фармерки погрижете се остатокот од гардеробата да биде поформален, осноно искомбинирајте ги со сако и високи потпетици.
5. Два различни дезени се сосема доволни. Наш предлог би биле пругите и цветовите. Обидете се да не изгледате како зоолошка или цветна градина, освен ако не работите како моден уредник.
6. Ако веќе не можете да и одолеете на безбојната кошула, облечете наметка или боди со боја на кожата.
7. Кратките шорцеви и здолништа заменете ги со модели кои ги прекриваат нозете најмалку 5cm над колениците. Сосема доволно.
8. Ефектните парчиња во интензивни бои смирете ги со едноставни фустани или кошули во бела боја.
Инспирирајте се и заљубете се во летниот деловен стил: